– Има стотици членови на ФЕТО во Албанија, иако нема официјални бројки. Побаравме нивно враќање во Турција. Албанија презема неколку чекори, и очекуваме да продолжи и понатаму. Не сакаме Албанија да биде сигурна врата за ФЕТО – изјави министерот за надворешени работи на Турција, Мевлут Чавушоглу при посетата на Албанија.

Тој разговараше со албанскиот министер за надворешни работи, Гент Цакај, од кого побара, Албанија да ги предаде на Турција припадниците на Движењето ФЕТО.

– Присуството на ФЕТО претставува ризик за националната сигурност на Албанија – изјави Чавушоглу на прес-конференција.