Црногорското собрание почна расправа за предлогот за отворање постапка за утврдување дали претседателот на државата Мило Ѓукановиќ прекршил членови од уставот, во врска со настаните на Цетиње кои се случија на почетокот од септември кога беше најавени и во тензична атмосфер реализирано устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски Јоаникије.

Предлогот го иницираше Социјалистичката народна партија (СНП), а го потпишаа 38 пратеници на власта, со поддршка од тројца пратеници на ГП УРА.

Повод за поднесување на предлогот е изјавата на претседателот на државата Мило Ѓукановиќ кој кажа дека ќе дојде на протестот во Цетиње ако Српската православна црква не се откаже од устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски Јоаникије во тој град.

„Се надевам дека нема да бидам во ситуација на 5 септември и самиот да бидам на Цетиње, таму каде што е мнозинска Црна Гора, каде се брани достоинството на државата“, кажа тогаш Ѓукановиќ, а и самиот дојде на протестот на 4 септември, прошета по улиците на Цетиње.

Устоличувањето беше одржано на 5 септември, а му претходеа протести на дел од граѓаните, блокади на патиштата кон Цетиње. Полицијата ги разбрка демонстрантите со солзавец, а митрополитот, со српскиот патријарх Порфирие, со воен хеликоптер дојде на Цетиње и церемонијата на устоличување беше одржана во Цетињскиот манастир.