Црногорски војници од денеска ќе бидат ангажирани во контрола на граничниот појас и границата со Албанија во зоната на граничниот пункт Божај, соопшти црногорското Министерство за одбрана.

Границата ќе биде контролирана од мешани патроли на армијата и полицијата првенствено со цел спречување нелегални премини на државната граница со Албанија, како и други нелегални дејства на границата и во пограничната зона, се вели во соопштението.

Припадниците на армијата на Црна Гора се ангажирани врз основа на Одлука на Советот за одбрана и безбедност.