Хрватската метеоролошка управа денеска прогласи црвен метеоаларм на целото јадранско крајбрежје – од Истра до границата со Црна Гора, во очекување на исклучително топло време и високи температури. 

Во сооопштението на Управата се наведува дека денеска храватскиот брег на Јадранското Море ќе биде еден од најопасните делови во Европа.

Метеоролозите предвидуваат тепературите долж јадранскиот брег на Хравтска да надминат 35 степени Целзиусови, а слични температури се очекуваат и во текот на утрешниот ден.