Грчките власти издадоа „црвен аларм“, предупредување за поројни дождови и силни бури, јавуваат грчките медиуми.

Лошите временски услови опфатија голем број грчки региони. Десетици куќи и автомобили се поплавени.

На Халкидики, надојдените води носеа автомобили и лежалки од плажите.

Во областа на Волос, десетици куќи беа поплавени, а пожарникарите ги спасуваа туристите.

Има поплава во предградието на Атина, Мандра, каде што водата достигна половина метар на улиците.