Премиерот на Грција Алексис Ципрас повторно ја разгледува опцијата за предвремени парламентарни избори, пишуваат грчките весници.

Според актуелните анкети, опозициската Нова демократија е во силна предност во однос на СИРИЗА, инсистирањето на Ципрас парламентарните избори да се одржат во октомври, како што се планирани, почнува да звучи неубедливо и повторно предизвика шпекулации за потенцијално одржување избори во мај или јуни, пишува „Катимерини“.

Најави за поднесување обвинение против десет грчки политичари, поврзано за аферата со подмитувања и швајцарската компанија „Новартис“, би можело да влијае на поддршката на партијата на Ципрас, но како што пишува весникот „Катимерини“, влијанието на оваа истрага на довербата би било ограничено бидејќи обвиненијата не се темелат на докази, туку на сведочења на сведоци.

Во меѓувреме, последната во низата иницијативи на владата на Ципрас – да им се олесни товарот на Грците – реформа што им овозможува на даночните обврзници да ги враќаат своите долгови кон државата на 120 рати, би можело да го зголеми рејтингот на СИРИЗА, но не доволно, сметаат грчките аналитичари.