Kабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас го повика лидерот на опозициската партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис да достави предлог за гласање недоверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

– Лицемерието на Нова демократија која веќе три години бара избори и сега обвинува за наводна неизвесност, ги поминува сите граници – оценува Кабинетот на Ципрас.

Во соопштението се наведува дека партијата може да ги реши сите дилеми ако нејзиниот лидер, Мицотакис „биде подготвен да ја спроведе неговата закана што ја најавува толку време и да достави предлог за гласање недоверба на Владата во Парламентот, за да се покаже неговата сила.