Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган попладнево во Белата палата во Анкара се сретна со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, премиерот на Грција испрати позитивна порака за грчко-турските односи преку неговиот официјален Инстаграм профил, каде што сподели фотографии од почетокот на средбата со Ердоган.

– Грција и Турција може да изградат современ однос на меѓусебна почит во корист на нашите народи и регионот, напиша Ципрас на Инстаграм.

Паралелно со средбата Ердоган-Ципрас, средба имаат и сопругата на турскиот претседател со партнерката на грчкиот премиер.