Грчкиот премиер Алексис Ципрас, без претходна најава и далеку од медиумите и новинарите, денеска ги посети населбите погодени од минатонеделниот пожар, јави дописничката на МИА од Атина.

– Посетата траеше околу еден час. Премиерот ги посети Аргири Акти, Рема во Кокино Лиманаки, но и Координативниот центар на противпожарната служба и војската – соопшти Кабинетот на Ципрас.

Во соопштението се наведува дека за време на посетата, Ципрас разговарал со граѓани, пожарникари и војници, а за ситуацијата бил извесетен од заменик началникот на противпожарната служба, но и од инженерите од Министерството за инфраструктура кои што се на терен.