Xрватска

Девет хрватски државјани ја тужат државата Австрија поради заразување со коронавирус на австриското скијалиште Ишгл во Тирол. Првото рочиште ќе биде одржано на 23 септември во Сојузниот суд во Виена.
Како што рече Питер Колба, првиот човек на Здружението за заштита на потрошувачите од Виена, во интервјуто за „Слободна Далмација“, околу илјада туристи иа од други земји се подготвени да поднесат тужба на суд и да побараат обесштетување.
– Ја тужиме Австрија како држава, затоа што тоа е сојузниот министер што е одговорен за здравјето на сите луѓе на нејзината територија. Ова, се разбира, не ја намалува одговорноста на регионалните власти во Тирол, ниту на општините на чија територија административно се наоѓа Ишгл, но недостигаат упатства и строги мерки од Виена – рекол Колба.
Тој вели дека администрацијата требало да предупреди седум дена пред тоа или да ги затвори ски-центрите седум дена претходно, а не да чека до 13 март.