Малолетници од реонот на хрватскиот полуостров Истра откриле начин како да порачуваат дрога од Кина преку анонимни интернет порачки, објави весникот „Глас Истре“.

Според весникот, ова им овозможува дури и на малолетни деца да дојдат до опасни дроги без улични продавачи, туку порачувајќи ја дрогата од Кина како што се порачуваат, на пример, обични маски за телефони.

Весникот пишува дека е распространета дрога на база на амфетамини произведена во Кина, која потоа се меша со други хемиски средства.