Хрватската полиција пронајде 156 килограми марихуана во морето во близина на градот Оребич и кај островите Корчула и Мљет.

Марихуаната била спакувана во пакети, а полицијата ја пронашла откако добила дојава од граѓани.

Се претпоставува дека шверцерите се обиделе да ја пренесат дрогата од Албанија или Црна Гора во Италија.

– Станува збор за вообичаена морска маршута на шверцери и кога доаѓа до хаварија на нивните бродови, морето на нашиот брег исфрла пакети со дрога. Во тек е истрага за да се утврди кој е сопственикот на марихуаната, соопшти полицијата.