Хрватска е погодена од невреме, кое создава големи проблеми во сообраќајот, посебно на приморјето каде дува многу силен ветер, информираат локалните медиуми.

На Јадранската магистрала можни се одрони, па  се предупредуваат возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот.

На терен се и пожарникарските служби кои интервенираат поради паднати стебла на сообраќајници во Дубровник и околината на градот.

Во текот на денот во Дубровник брзината на ветрот достигна и 143 километри на час.

Oд бурата паднала и фасада на училиште во Сплит, пренесе хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Невремето предизвикува проблеми и за населението во подрачјето на Шибеник, каде во одредени подрачја наврнаа дури 30 литри дожд на метар квадратен.