Хрватското Министерство за одбрана соопшти дека четиринаесет хрватски војници се повлечени од Багдад, Ирак.

Во согласност со одлуката на НАТО за преместување на мисијата од Ирак во Кувајт, припадниците на хрватската армија се прераспоредени од Багдад во Кувајт и се безбедни. Четиринаесет припадници на хрватската армија се распоредени во Кувајт, а седум припадници на вториот хрватски контингент кои ја завршија мисијата ќе бидат вратени во Хрватска“ се наведува во соопштенито, пренесува Индекс.хр.

Од Министерството наведуваат дека ја следат безбедносната состојба и дека ќе бидат донесени соодветни решенија во координација со сојузниците.

Одлуката е донесена на ниво на НАТО, заради тензичните односи по убиството на иранскиот генерал Сулејмани во Ирак минатата недела.