Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, изјави дека неговата делегација сака да разговара во Вашингтон само за признавањето на независноста на земјата.

– Нема да разговараме за други теми освен за признавање – рече Хоти во краткото вклучување за група новинари од Вашингтон, што телевизија „Клан Косова“ го пренесе на Фејсбук.

– Нема да има други разговори со Србија, освен за взаемно признавање – рече Хоти од Вашингтон.

Тој додаде дека е можно да се постигне договор за економски прашања, но истакна дека тоа е само чекор кон конечен договор.

– И тоа е признание – заклучи Хоти во изјавата вечерва, за време на паузата меѓу првата и втората рунда од разговорите во Белата куќа.