Членот на Претседателството на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти смета дека единствена земја што има интерес од создавањето мини-шенген е Србија, додека една таква зона би им нанела големи штети на косовската економија и на косовската држава.

Хоти набројува неколку причини зошто, како што вели, тој проект не е во интерес на Косово и на повеќето земји од регионот, додека Србија, како земја со најголемо население и економија во регионот, „настојува да го одржи регионот што подолго надвор од Европската Унија, во очекување за создавање нови геополитички рамнотежи со зголемена улога на Русија“.

– Овозможува непречено движење на српските официјални лица во Косово за политичка кампања внатре во косовската држава, без да се има можност да се запрат на граница поради „слободата на движење“, која ја овозможува мини-шенгенот. Го дефакторизира Косово политички и економски во контекст на регионалните односи, бидејќи договорот подразбира делегирање на државната моќ на мини-шенгенот. Ги фаворизира економски земјите од Балканот што се граничат со држави-членки на ЕУ преку даночните политики, додека Косово нема ниедна граница со ЕУ – пишува Хоти.