Фото: Илустрација

Припадници на специјалната нуркачка единица на грчката крајбрежна стража попладнево извлекоа безживотни тела на двајца патници и пилот на приватен хеликоптер што денеска се урна во морето во близина на грчкиот остров Порос.

Нуркачите најпрво ги пронашле телата на двајца руски државјани кои биле патници во авионот, а нешто подоцна било пронајдено и безживотното тело на грчкиот пилот, пренесе агенцијата АНА.

Во потрагата биле вклучени бродови на крајбрежната служба, шест приватни јахти, три мали чамци, припадници на специјалната нуркачка единица и хеликоптер.

Според првичните информации, хеликоптерот, најверојатно, удрил во далновод и паднал во морскиот дел на островот Порос.