Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека српската полиција на преминот Јариње уапсила двајца припадници на Косовските безбедносни сили (КБС).

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека нивното приведување е неприфатливо и побара итно ослободување.

– Вакви случаи потсетуваат на режимот на Слободан Милошевиќ, кој веројатно и понатаму опстојува кај нашиот северен сосед – напиша Харадинај.