Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, кој вчера вечер се врати од Хаг, за денеска најави редовна седница на владата.

Тој рече дека по оставката која ја даде на 19 јули ја извршил правната обврска пред Специјализираното обвинителството во Хаг, пред кое се бранел со молчење.

– Само што се вратив од Хаг, а утре продолжуваме да работиме. По мојата оставка, ја извршив правната обврска при Специјализирано обвинителството во Хаг. Во мојата невиност не може да се сомнева никој. Им се враќам на моите обврски во Косово. Мојата одлука за оставка и моите неодамнешни дејствија се порака дека секоја злоупотреба на Косово, нема да нѐ помести од нашето суверено право. Границите на Косово не смее да ги допре никој. На Косово не може да ѝ се наметне Република Додик – напиша Харадинај на Фејсбук.

Харадинај поднесе неотповиклива оставка поради поканата што ја доби од Специјалниот суд во Хаг.