По откривањето на споменикот на жртвите на нападот врз кулите близначки на 11 септември, косовскиот премиер Рамуш Харадинај предупреди на опасноста од „српската пропаганда“ против неговата земја, заради, како што истакна, напорите на Белград да се повлечат признавањата на косовската независност.

Во врска со смената на Џон Болтон од позицијата советник за национална безбедност, кој, според медиумите, е поддржувач на идејата за поделба на Косово, премиерот изјави дека САД го штитат Косово, а Болтон не ја поддржувал идејата за поделба.

Харадинај уште еднаш повтори дека царините за увозот од Србија, што минатата година ги наметна неговата Влада, ќе бидат повлечени само откако Србија ќе го признае суверенитетот на Косово.