Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека одржување на предвремени парламентарни избори оваа година не е во интерес на Косово, иако, како нагласи неговата Алијанса за иднината на Косово (ААК) „никогаш не била поподготвена за нови избори“, информира МИА. 

Харадинај во интервју за „Епока е Ре“ наведува дека 2019 година нема да биде лесна за Косово, бидејќи, како што вели, ќе се соочи со процесот на дијалог со Србија и со Специјалниот суд за воени злосторства на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК).

Тој ги повика двете најсилни опозициски партии, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределување (ВВ), да се приклучат во процесот на дијалог, нагласувајќи дека „никој не треба да се плаши од тој процес“.