Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека ако победи на изборите нема да се откаже од таксите сè додека Србија не го признае Косово.

Харадинај за КТВ рекол дека нема смисла да ѝ го даде косовскиот пазар на Србија и дека до признавање на независноста нема да се откаже од таксите од 100 отсто за стоката од Србија.

Тој оценил дека идејата на Демократскиот сојуз на Косово и Самоопределување за реципроцитет со Србија е почеток на укинување на таксите.

– Поминавме низ тешкотии, но не го менуваме правецот за Косово. Косово мора да ја заклучи својата државност, даноци до независност. Нема смисла да го дадеме пазарот на Србија. Ако го отвориме пазарот, односот е 99 спрема 1. Зад идејата за реципроцитет се крие укинување на таксите. Ако воспоставиме реципроцитет, Србија може да го освои нашиот пазар – рекол тој.