Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, вели дека се согласува дека е потребно нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, но смета дека за постигнување на таа цел е потребен дијалог без условувања и без одлагања.

Тој на Твитер порача дека крајниот исход од тој дијалог меѓу Приштина и Белград треба да биде меѓусебното признавање на двете држави во рамки на постоечките граници.