Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се оглси на Твитер, по акцијата на косовските специјални единици РОСУ ова утро на северот на Косово.

– Операцијата против шверцот и организираниот криминал се спроведува во северните општини на Косово. Тоа е дел од нашата посветеност на за спроведување на владеење на правото за сите. Потврдувам дека оваа операција против организираниот криминал е насочена кон полицјата и цариниците. Ги повикувам граѓаните да останат смирени – напиша Харадинај на Твитер.

За потсетување, специјалните единици РОСУ до 8.30 часот уапсија 13 Срби, припадници на косовската полиција на северот на Косово и Метохија.