Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека ако падне неговата Влада, тогаш од функција треба да си заминат и косовскиот претседател Хашим Тачи и претседателот на Собранието Кадри Весели.

Тој во интервјуто за „КТВ Интерактив“ наведе дека не се откажува од непроменливоста на границите и зголемувањето на таксата на српската стока, дури ни по цена на пад на Владата.

Додаде, дека доколку тој си замине од функцијата на премиер, тогаш со него треба да си заминат и Тачи и Весели.