Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан денеска повторно нагласи дека одлуката на Брисел во врска со либерализацијата на визниот режим за Косово ќе биде донесена многу наскоро, пред годишните одмори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Запрашан од телевизијата КТВ кога точно ќе се случи тоа, Хан одговори дека тој заминува на одмор на 25 јули.

– Јас сум секогаш оптимист- одговори кратко еврокомесарот на прашањето „дали препораката ќе биде позитивна“.

Хан изјавата за приштинската телевизија ја даде во Лондон, каде што учествува на Самитот на ЕУ и Западен Балкан.