Европскиот комесар за проширување и добрососедски односи, Јоханес Хан изјави дека е дојдено време за интеграциите на Западен Балкан во Европската Унија.

Тој тоа го напиша на „Твитер“, по повод одбележувањето на 15-годишнината од приемот во ЕУ на 10 земји од Средна и од Источна Европа, додавајќи дека тоа е амбициозен проект заснован на заедничките напори и визија да се обезбедат мирот, просперитетот и безбедноста за сите граѓани во ЕУ.

– Оваа визија се оствари и време е да гледаме напред и да го финализираме историскиот прект за за обединување на Европа и интеграција на Западен Балкан. Сигурен сум дека со заеднички напори тоа ќе биде успешна приказна за двете страни. Заедно сме посилни – напиша Хан.