Непознати лица околу 4 часот утрово фрлиле рачна бомба во дворот на конзулатот на Русија што се наоѓа во северниот дел на Атина.

Според последните информации на кои што се повикува грчката новинска агенција АНА-МПА, рачната бомба експлодирала и е предизвикана материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, а не е исклучена можноста зад нападот да стои некоја од грчките терористичко- анархистички организации.