Во својот прв говор за состојбата на ЕУ, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, ја истакна важноста на односите и врската помеѓу ЕУ и Западен Балкан.

Довербата е основа на секое силно партнерство и Европа секогаш ќе биде подготвена да гради силни партнерства со најблиските соседи почнувајќи од Западен Балкан, вели претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

– Иднината на целиот регион лежи во ЕУ. Ние ја делиме истата историја, истата судбина – рече Фон дер Лејен.

Таа истакна дека Западен Балкан е дел од Европа, а не станица на патот на свилата. Во својот говор пред Европскиот парламент таа оцени дека историската одлука на ЕУ е да ги отвори пристапните преговори со уште две земји од регионот.

Фон дер Лејен најавува дека Комисијата набргу ќе претстави економски пакет за закрепнување на Западен Балкан, кој ќе се фокусира на регионални инвестициски иницијативи, пренесува „Танјуг“.