Албанскиот министер за инфраструктура и енергетика, Дамјан Ѓикнури соопшти дека од американските власти добил потврда дека фирмата „ДХ Албанија“, една од компаниите која беше избрана да гради дел од големата обиколница во Тирана, доставиле фалсификувани документи.

– Комуницирав со американските власти. Во вчера добиените одговори се вели дека дел од документите поднесени од „ДХ Албанија“ се фалсификувани. По добивањето на оваа потврда, Агенцијата за државни патишта на Албанија денеска го раскина договорот. Сакам да нагласам дека фаслифкувањето на документите е направно надвор од територијата на Албанија – изјави Ѓикнури.

Тој додаде дека случајот е предаден на албанското Обвинителство за да ги следи сите законски процедури и по спроведената истрага, оние кои се одговорни за фалсификување да одговараат врз основа на законот.

– Сите инволвирани лица ќе дадат отчет, вклучително и самиот министер, но тврдам дека немам ни најмала вмешаност во фалсифкувањето на документите. Сакам да нагласам дека на албанската држава не и е нанесена никаква економска штета -истакна минстерот Ѓикнури.

Скандалот со фалсифкуваните документи на корпорацијата „Данвел Хаберман“, матична компанија на „ДХ Албанија“, која требаше да гради дел од обиколницата околу Тирана за сума од 18 милиони евра, го откри тиранската телевизија Њуз 24, по што Агенцијата за државни патишта нареди прекин на градежните активности.

Со цел да го добие тендерот, посочената фирма ги фалсифкувала датумот на формирањето и потврдата дека нема фискална обврска кон државата.