Во услови кога несогласувањата меѓу Хрватска и Словенија околку Пиранскиот Залив се уште не се надминати, на повидок е нов спор меѓу двете земји – овој пат поради фарма за школки.

Спорот започна откако словенечкиот Државен инспекторат за животна средина и просторно планирање иницирал истрага за постоењето на една хрватска фарма за школки во Заливот, која пред еден месец се проширила и на словенечката страна од помирската граница, утврдена со меѓународната арбитража, која Хрватска не ја признава.

Инспекторатот денеска соопшти дека негови инспектори утврдиле оти бројот на локациите на кои се наоѓаат школките кон крајот на минатиот месец бил зголемен на 90.

Словенечката државна телевизија во саботата јави дека фармата за школки се зголемила десткратно од април годинава, кога беа одбележани првите осум локации на кои се наоѓаат школките.

Според телевизијата, нема никаков сомнеж дека фармата за школки се проиширила и во словенечките води. Телевизијата наведува дека секогаш кога работниците на фармата доаѓаат на локациите со школки, ги придружува брод на хрвтската полиција.