Кандидатката на бугарската владејачка партија, централно-десничарската ГЕРБ, Јорданка Фандакова по четврти пат го доби мандатот за градоначалничка на Софија, освојувајќи 49,98 отсто од гласовите во вториот круг од локалните избори во Бугарија, според целосно обработените податоци.

Централната изборна комисија на Бугарија соопшти дека независната кандидатка Маја Манолова, која ја поддржаа опозициските социјалисти, освоила меѓу 45,13 отсто од гласовите.

Вториот круг од изборите се одржа вчера, бидејќи Фандакова не успеа да обезбеди мнозинство гласови во првиот круг.ГЕРБ и СДС, покрај Софија, добија градоначалнички места во девет изборни региони, додека кандидатите за градоначалници од Демократска Бугарија победија во девет градски области. Од поголемите градови, ГЕРБ доби и во Пловдив. Кандидатот Здравко Димитров доби 57,32 отсто од гласовите, додека противкандидатот Славчо Атанасов од ВМРО доби 38,1 отсто.

Во Варна победи кандидатот на ГЕРБ Иван Портних со 60,79 отсто од гласовите, а за неговиот противкандидат Костадин Костадинов гласаа 35,99 отсто. Во Русе убедливо победи кандидатот на БСП Пенчо Милков со 60,53 отсто од гласовите, а за кандидатот на ГЕРБ, Диана Иванова гласаа 36,63 проценти.ГЕРБ загуби и во Плевен, каде што независниот кандидат и досегашен градоначалник Георг Спартански победи со 50,6 отсто од гласовите. Нивниот кандидат Мирослав Петров доби 47,24 отсто од гласовите. Градоначалник на Благоевград ќе биде Румен Томов од БСП, кој доби 56,61 отсто од гласовите.