Уште еден земјотрес со јачина од 5,1 степен ја погоди Турција. Земјотресот е регистриран на 74 километри од Измир, пренесува ЕМСЦ. Нов земјотрес е регистриран на длабочина од пет километри, а бил почувствуван и на бреговите на Грција.

ЕМСЦ известува дека по ова било почувствувано и тресење на тлото со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала на 47 километри западно од Сока.

Во водите на Егејско Море попладнево е регистриран земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала. Речиси 20 згради се урнаа во областите на западниот турски град Измир. Според досегашните податоци, шест лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени.