Откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им даде зелено светло на десетици илјади мигранти да тргнат кон границите на Европа, се создаде хаос, особено во Грција, пренесува српски „Курир“.

Во местото Морија на грчкиот остров Лезбос мештаните наишле на ужасна глетка во локалната црква Свети Ѓорѓија.

Ѕидовите се ичкртани, предметите во црквата расфрлани, а на подот има нечистотија. Иконите исто така се исфрлени и оштетени, а иконостасот уништен.

Стаписаните мештани го снимиле сето тоа неколку часа по поминувањето на мигрантите.