Унгарија ќе продолжи да ги вложува сите напори за унапредување на приближувањето на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија.

Тоа е во економски, стратешки и безбедносен интерес на Унгарија, на Фејсбук ова го напиша денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Сијарто додава дека унгарското министерство за надворешни работи веќе одредило експерти за интеграција, кои ќе работат со владите на земјите од Западен Балкан, кои се во преговори за членство во ЕУ.