Александар Вучиќ и Виктор Орбан

Унгарија е подготвена да вложи милиони евра за проекти во Србија и Република Српска, а за овој пакет инсистирал лично премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, пишува „Српски телеграф“.
Според сознанијата на порталот, најголемиот дел проекти ќе бидат реализирани во Војводина, но предвидени се значајни инвестиции и во централна Србија и во Република Српска.

Министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ вели дека со овој план ќе се придонесе за уште подобра соработка и развој на двете земји.
– Србија веќе има одлична соработка со унгарската влада и развиени проекти во преработувачката индустрија. Предлогот на Орбан ќе значи многу за Србија, бидејќи Унгарија е сигурен инвеститор и има добар пазар – вели Недимовиќ.

Економистот и директор на Заводот за статистика на Република Србија, Миладин Ковачевиќ, истакна дека пакетот е одлична вест за Србија и дека кредитите ќе овозможат развој на економијата, помагајќи им и на Србите и на Унгарците.
Соработката помеѓу Србија и Унгарија континуирано се зајакнува веќе три години вели претседателот на пратеничката група на Сојузот на војводинските Унгарци во српскиот парламент.

– Вложени се повеќе од 250 милиони евра и програмата ќе продолжи и во наредните години. Ова е доказ дека е воспоставена одлична соработка помеѓу Унгарија и Србија – вели Балинт Пастор.