Земјотрес со интензитет од 5,2 степена според Рихтерова скала е регистриран рано изутринава во близина на градот Превеза во Западна Грција,

Засега нема информација за евентуални жртви или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал во Јонското Море, 14 километри северозападно од Превеза.

По првичниот, следеле уште десетина земјотреси со помала јачина од околу три степени.