Тензиите, инциденти и соочување на полицијата со демонстрантите, се случија на синоќешните протести во Грција, за одбележување на 11-годишнината од убиството на средношколецот Алексис Григоропулос, кој беше застрелан од полицаец на 6 декември 2008 година.

Педесет лица беа приведени, еден полицаец повреден, а беше причинета и материјална штета во најжестоките инциденти во атинската населба Ексархија, каде што и се случи убиството пред 11 години. Таму маскирани лица ја нападнале полицијата со тврди предмети и со молотови коктели, по што полициските сили возвратиле со шок-бомби и со солзавец.

Протести се одржаа и во други грчки градови, а инциденти имаше и во Солун и Патра, каде што повеќе лица беа уапсени.