Албанската полиција во Тирана го уапси Арсение Становиќ, по кого црногорската полиција имаше распишано потерница, под сомнение дека ја убил украинската милионерка Анастасија Лашманова.

Во моментот на апсењето, Становиќ (22) бил заедно со неговиот татко, Зоран Станиќ, шеф на експозитурата на Граничната полиција на аеродромот во Тиват.
Албанските власти, кои биле во постојан контакт со црногорските колеги, се сомневале дека осомничениот се засолнил во Албанија.

Тој ќе биде екстрадиран во Црна Гора.

Становиќ не бил претходно осудуван. Се занимавал со ватерполо и бил голман во Приморац.

Лашманова (30) и Станиќ биле во љубовна врска, а убиството се случи во средината на мај годинава.

Безживотното тело на Украинката, полицијата го пронајде на 12 мај вечерта во нејзиниот стан во Котор. Обдукциските наоди покажале дека Лашманова била брутално избодена со нож. Убиецот со тап предмет неколку пати ја удрил во главата, а потоа неколку пати ја избодел со остар предмет.

Лашаманова во Црна Гора дошла пред неколку години и почнала да работи како келнерка. Во краток рок станала моќна и влијателна личност, а имотот со кој располага, според проценките, вреди десетина милиони евра.

Таа била директорка на компаниите “Мимоза Груп” и “Си Трејд” и сопственичка на три ресторани во луксузниот комплекс Порто Монтенегро во Тиват. Сопственик е и на хотелскиот комплекс „Перла“, на три ресторана во Порто Монтенегро и на салон за убавина во Будва.