Познатиот српски бизнисмен, сопственикот на една од најпознатите белградски коцкарници, Владо Поповиќ, е убиен синоќа во Белград.

Група маскирани насилници го пречекале пред кафулето каде седел и испукале повеќе рафали, при што е повредено и 23 годишно момче.

По убиството на белградскиот бизнисмен познат под прекарот Влада поп, полицијата почнала акција „Виор“.