Шпанската полиција го уапси поранешниот српски фудбалер Стефан Милоевиќ, син на некогашниот фудбалер Горан Милоевиќ, објави „Б92“. Тој е осомничен дека бил водач на наркокланот „Јунајтед трибјунс“.

Освен Милоевиќ, уапсени се уште 15-ина лица, кои се доведуваат во врска со кланот.

Во акцијата против трговија со дрога и организираниот криминал шпанската полиција, во соработка со Европол, извршила 18 претреси во Палма де Мајорка, Тарагона, Валенсија и Барселона, а особено на удар биле дилерите на дрога и осомничени лица дека ги контролираат ноќниот живот и борделите на овие актрактивни дестинации.