Српската полиција го уапси В.С. (58) од Врање, поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и недозволено производство, држење, носење и трговија со оружје и експлозивни материјали, пишува „Информер“.

На 27 декември 2020 година во раните утрински часови на автопатот Ниш – Врање, кај селото Превалац, В.С. со патничко возило, користејќи лажни регистарски ознаки и трепкачи, пресретнал и запрел автомобил „ауди“ со странски регистарски ознаки, со кое патувале двајца мажи, државјанин на Северна Македонија, а другиот на Албанија.

В.С. кој, како што се сомнева, бил во маскирна униформа, се претставил како полицаец и со закана со оружје им одзел пари, 10.000 евра и мобилни телефони.

При претрес на семејната куќа на осомничениот, полицијата пронашла автоматска пушка, пиштол, муниција, две бомби, службена легитимација, маскирна униформа, трепкачи и капа фантомка.

По наредба на заменик-обвинител на Основното јавно обвинителство во Врање, осомничениот е приведен во траење до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Обвинителството.