Турските власти денеска уапсија 577 илегални мигранти во северозападна Турција, соопштија безбедносните сили.

Безбедносните сили во Едрене уапсиле 390 мигранти државјани на Сомалија, Пакистан, Авганистан, Иран, Ирак, Тунис и Мароко, како и лица по потекло од палестинските териториии. Меѓу нив имало и жени и деца.

Уште 142 мигранти биле уапсени во соседната област Чанаккале. Вкупно 78 од нив биле од Авганистан, а 64 од Ирак.

Крајбрежната стража, патролирајќи во Егејското Море, пресретнала 45 нелегални имигранти, меѓу кои и 13 деца, кои се обиделе да стигнат до грчки остров.