Шеснаесет странски студенти се уапсени во турскиот округ Мерсин поради обвинение за наводна поврзаност со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

Осомничените, од кои десет се од Сомалија, тројца од Џибути, двајца од Гвинеја и еден од Сирија, се студенти на Мерсинскиот универзитет.

Други седум лица се бараат во рамки на истрагата, соопшти полицијата.

Турските власти ја обвинуваат групата ФЕТО, на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, дека е одговорна за обидот за преврат во Турција на 15 јули 2016 година.