Албанската полиција уапси четири лица осомничени за поврзаност со грабежот на неколку милионска сума на пари на меѓународниот аеродром во Тирана, што се случи на 9 април.

Според полицијата, лицата се уапсени во акција спроведена во градот Елбасан, каде продолжува претресот на повеќе домови.

Уапсените се на возраст од 25 до 38 години. Тројца од нив се од Елбасан, додека четвртиот е од градот Круја. Петтиот учесник во „грабежот на векот“, Адмир Муратај беше убиен кусо по настанот во престрелка со полицијата.

Во полициската акција се одземени материјали како доказ, но засега нема трага од украдените пари, кои според медиумите, изнесуваат од пет до 10 милиони евра и им припаѓаат на три банки во Тирана.

Петтемина разбојници при грабежот биле вооружени и маскирни во војнички униформи. Крадците прво ја исекле жичената ограда, по што со голема брзина со возило на кое пишувало „даночна управа“, влегле на аеродромската писта до авионот во кој веќе биле влезени патниците. Тројца од крадците влегле во авионот, што требало да полета за Виена и под закана од просторот за багаж ги зеле торбите со пари и побегнале.

По инцидентот компанијата „Аустриан“ соопшти дека повеќе нема да врши транспорт на пари од Албанија.