На северот на Косово, во Зубин Поток, денеска околу 14 часот се уапсени уште двајца припадници на косовската полиција од српска националност, објави „Блиц“.

Како што објави онлајн изданието на српскиот весник, овие апсења не ги извршиле припадници на специјалната единица РОСУ, туку припадници на Истражната единица на Полицискиот инспекторат на Косово.

Во вторникот беа уапсени 11 полицајци од српска националност, а вчера беше уапсена припадничка на граничната полиција.