Турција разговара со Обединети нации за истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мебљут Чавушоглу.

– Пристигнуваат барања за меѓународна истрага, ние ги продолжуваме разговорите со ОН. Нашите очекувања се дека ништо од тоа нема да биде неопходно и дека Саудиска Арабија ќе соработува за да се дојде до одговорите, истакна Чавушоглу.

Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Башеле минатата недела изјави дека е неопходно да се покрене меѓународна истрага со цел да се утврди кој е одговорен за убиството на Кашоги, кој беше елиминиран во Генералниот конзулат на Саудиска аАрабија во Истанбул на 2 октомври.