Обвинителството на Истанбул објави дека е подготвено обвинение за 20 осомничени за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, меѓу кои и поранешен заменик-разузнавач на Саудиска Арабија и поранешен советник на кралското семејство.

Убиството врз Хашоги во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година предизвика бројни реакции во светот и му наштети на угледот на крунскиот принц Мохамед бин Салман.

Некои западни влади, како и ЦИА, веруваат дека убиството го нарачал сегашниот принц, но саудиските власти го отфрлаат тоа.

Обвинителството во Истанбул соопшти дека обвинението го вклучува поранешниот заменик генерален разузнавач на Саудиска Арабија, Ахмед ал Асири и поранешниот советник на кралското семејство на Саудиска Арабија, Сауда ал-Кахтаниј. Тие се обвинети за „поттикнување убиство со предумисла со монструозна намера“.

На 2 октомври 2018 година Кашоги влезе во Амбасадата на Саудиска Арабија во Истанбул и оттогаш му се губи секаква трага. На 20 октомври официјален Ријад призна дека новинарот е убиен во Амбасадата.

Тој беше познат критичар на саудиската власт.