Германската новинарка од турско потекло Мешале Толу (33) денеска се врати во Германија од Турција, откако оваа недела турскиот суд и ја укина забраната за патување.

Толу слета на аеродромот во Штутгарт.

Турскиот суд во понеделникот ја укина забраната за патување на Толу – осум месеци откако таа беше ослободена од затвор, но процесот против неа по обвиненијата поврзани со тероризам, продолжува.

Новинарката, која работи за новинска агенција ЕТХА, беше уапсена во мај 2017 година. Таа, заедно со уште 17 други, беше обвинета за пропаганда и членство во марксистичко-ленинистичка комунистичка партија (МЛКП) – крајно  левичарска група, која во Турција се смета за терористичка организација.