Tурската Цетрална банка ја зголеми основната каматна стапка на 17,75 отсто од 16,5 отсто, што претставува второ покачување по драстичниот пад на лирата.

По одлуката, лирата поврати 1,82 проценти во однос на доларот, до вредност од 4,47 лири за долар.

Банката соопшти дека затегнувањата во однос на монетарната политика ќе продолжат се додека не биде забележано значително подобрување во однос на инфлацијата.

Одлуката за зголемување на каматната стапка доаѓа за помалку од три недели од одржувањето на претседателските и парламентарните избори во Турција.

Минатиот месец турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека има намера да извршува поголема контрола врз економската политика, доколку победи на изборите, што предивизика загриженост за поголема политичка контрола врз Централната банка.